Home Актуелно Не го дочуваа тревките и молитвите: Почина претседателот на Танзанија

Не го дочуваа тревките и молитвите: Почина претседателот на Танзанија

Танзанискиот претседател Џон Магуфули почина на 61-годишна возраст, среде шпекулациите дека се лекувал од ковид-19. Веста за неговата смрт ја потврди потпретседателот Самија Сулуху Хасан, кој кажа дека тој починал во болница во Дар ес Салам од компликации со срцето.

Магуфули не беше виден во јавност од 27 февруари, што покрена шпекулации за неговата здравствена состојба. Опозициски политичари тврдеа дека тој се заразил со коронавирус, но за ова нема официјална потврда.

Магуфули, кој првпат дојде на функцијата во 2015 година и лани го освои вториот мандат, важеше за еден од најголемите скептици за коронавирусот во Африка и ги повикуваше луѓето да му се спротивстават на вирусот со молитви и терапии на база на билки.

Минатиот јуни, тој објави дека во Танзанија веќе го нема коронавирусот, ги исмеваше носењето маски и соседните земји кои имаа воведено рестриктивни мерки и ја оспоруваше точноста на тестирањата. Земјата во мај престана да објавува бројки поврзани со епидемијата, а владата одбиваше да обезбеди вакцини.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…