Три опции за влез во Грција: Или вакцина, или негативен ПЦР тест или тест за присуство на антитела


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во интервју кое го даде за РИА Новости, грчкиот министер за туризам, Харис Теокарис, рече дека за влез во Грција ќе биде потребна една од трите опции: вакцинација, негативен ПЦР-тест или тест за антитела.

Сепак, тој подвлече дека Грција ќе ја признае и руската вакцина „Спутник V“, со што ќе се решат дилемите дали Грција ќе ја признае вакцинираноста со вакцини што сè уште не се регистрирани во ЕУ.

Теохарис рече дека Грција ги очекува првите туристи најдоцна на 14 мај, а ако епидемиолошката состојба го дозволи тоа, тогаш во почетокот на мај.

Тој посочи дека Атина ќе им излезе во пресрет на руските (а веројатно и на други странски) туристи и нема да бара задолжителна вакцинација или вакцинација само со вакцините регистрирани во ЕУ.

„За да влезете, ќе ви треба или вакцинација, или негативен ПЦР-тест, или потврда за присуство на антитела, додека Атина ја признава руската вакцина Спутник V заедно со другите европски.“

Сепак, тој им препорача на туристите да се вакцинираат, бидејќи тоа ќе им го олесни животот – вакцинираните нема да мора да поминуваат низ разни проверки и формалности.

„Вакцинацијата не е задолжителна за туристите, но ќе ги спаси од низа формалности. Не е задолжително да се биде вакциниран, но луѓето што се вакцинирале нема да мора да имаат негативен тест и нема да бидат подложени на проверки. Туристот може да влезе во нашата земја без обврска да се тестира секој пат кога ќе лета“, рече министерот.