Цех „падна“ за ВМРО-ДПМНЕ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Периодов во германските медиуми актуелна е темата за оставката на пратеникот од Христијанско-социјалната унија, Тобијас Цех.

Тој поднесе оставка поради тоа што во 2016 година, за време на отворање на аферата со прислушувањето, лобирал за ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е оценето како негово неетичко, па и незаконско делување затоа што преку негова компанија добил десетици илјади евра за да лобира за ВМРО-ДПМНЕ и за тогашниот претседател на партијата Никола Груевски.

Оставката на Цех дојде откако локални весници во Баварија ги објавија овие податоци. „Ова го правам за да го заштитам моето семејство и да избегнам штета на мојата партија преку можни предрасуди. Мислам дека легално нема конфликт. Но политички не можете да се однесувате така“, напиша Цех по оставката.

Груевски и Цех во Малта
Груевски и Цех во Малта

Цех во пораката пишува дека за неговите активности поврзани со ВМРО-ДПМНЕ секогаш бил известуван претседателот на Бундестагот и тие биле достапни и во парламентот.

„Сепак, од денешна гледна точка и во светло на тековната дебата јас би ги оценил поинаку своите договорени секундарни активности од 2016 година и сега не би ги извршувал“, вели Цех.

Цех со неговата консултантска компанија биле активни во изборната кампања во Македонија во 2016 година работејќи за ВМРО-ДПМНЕ. Но, не само тоа, тој присуствувал во кампањата на ВМРО-ДПМНЕ како член на парламентот, во истото време кога добивал и пари како консултант.

Генералниот секретар на ЦСУ (баварскиот партнер на ЦДУ на Меркел), Маркус Блуме, изјави дека етичкиот комитет на ЦСУ врши истрага за овој конфликт на интереси.