Петочна и викенд временска прогноза


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Петок, 19 март, во Македонија носи релативно сончево време, со мала до умерена облачност. Во планинските подрачја повремено ќе провејува снег. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а во источните од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 6 до 14 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево со умерена облачност и со умерен северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне 10 степени.

Од сабота до понеделник, под влијание на влажен бран ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, а на планините од снег. Повремено врнежите ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Пообилни врнежи ќе има во недела попладне и во текот на ноќта кон понеделник (локално над 30л/м2). На планините ќе се формира нова снежна покривка. Ќе дува умерен, на места засилен ветер од југоисточен правец, кој во недела во текот на денот ќе го промени правецот во северен.