Home Актуелно НЕ Е КРОМИД ВЕСТ: Министерката Шекеринска свечено пречека гуми!

НЕ Е КРОМИД ВЕСТ: Министерката Шекеринска свечено пречека гуми!

Иако според насловот ќе си помислите дека станува збор за некаква „кромид вест“, односно пародија, во нашава држава и тоа е можно: Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска свечено прими автомобилски гуми за армиските возила.

„Министерката Радмила Шекеринска во посета на касарната во Ѓорче Петров, во моментот кога пристигна најголемата пратка на нови гуми за армиските возила од набавката за годинава“, информираат од прес службата на МО на официјалниот ФБ профил на ова министерство.

„Работите полека ги доведуваме во ред. До крајот на годинава ќе бидат испорачани и новите чизми за војниците, а постапката за набавка на нови униформи е во тек. АРМ ќе влезе во сојузничките редови подновена!“-пишува во објавата за овој „настан“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…