Навални штрајкува со глад во рускиот затвор – неговите блиски луѓе стравуваат дека може да почине таму


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Најблиската соработничка на рускиот политички опозиционер Алексеј Навални, Љубов Собол, за јавноста коментираше дека нема надеж дека за добивање на добри и оптимистички вести за здравјето на нејзиниот пријател, кој моментално се наоѓа во затвор во Русија, каде пред неколку недели почна штрајк со глад, јавија британските медиуми.

Собол за радиото „Ехо на Москва“ изјави дека сојузниците на Навални се надеваат дека до крајот на денешниот ден ќе добијат информации за неговото здравје.

Докторите задолжени за здравјето на Алексеј Навални кажуваат дека „тој може да умре за неколку дена“, доколку не му биде укажана соодветна грижа.

Лекарите тврдат, пишува Би-Би-Си, дека најновите откритија во крвта на Навални покажуваат дека тој може да умре во секој момент од срцев удар или бубрежна слабост.

Навални штрајкува со глад веќе 19 дена за да добие соодветни лекови за акутната болка во грбот и вкочанетоста во нозете.

Рускиот амбасадор во Велика Британија, Андреј Келин, изјави дека „нема да се дозволи Навални да умре во затвор, но дека тој се однесува како хулиган“. Познатиот критичар на Путин заврши во затвор во февруари.

Четворицата лекари кои го лекуваат во затворот, меѓу кои и неговиот личен лекар, Анастасија Василиева, пишале барање до затворската управа за дозвола итно да го посетат Навални. Лекарите во писмото велат дека нивото на калиум во крвта на Навални стана критично.

„Ова значи нарушена функција на бубрезите и дека во секое време може да се појават и сериозни проблеми со срцето“, пишуваат загрижените лекари.

Нивоата на калиум во крвта повисоки од 6,0 mmol на литар вообичаено бараат итно лекување. Нивото на калиум во крвта на Навални е околу 7,1, согласно податоците на лекарите добиени од неговите адвокати.

Лекарите бараат итно одобрување за да го видат Навални, се вели во писмото, „земајќи ги предвид тестовите на крвта и неговото неодамнешно труење“.