Живот

Навали народе: Експертите тврдат дека сексот во јуни е најдобар!

Најповолниот период за секс започнува кон крајот на мај, а во јуни го достигну ваврвот, тврдат психолозите!

Според тврдењето на професорката по психологија на Универзитетот Масачусетс, луѓето во јуни се генерално многу опуштени, па така е и во љубовта.

Во луѓето тогаш се буди желба да се спојат со некого, барем на една ноќ, а кај паровите е се поголема сексуалната желба за другиот. Со други зборови, луѓето во јуни се надеваат дека ќе им се посреќи по ова прашање.

Се прашувате зошто е така? Имено, во јуни луѓето полека почнуваат да одат на годишни одмори или барем да ги планираат, па желбата за дружење им е засилена.

„Начинот на облекување исто така допринесува за ваквото однесување. Но двата пола се помалку оптеретени во овој период и имаат голема потреба за зближување“, заклучува професорката.

To Top