
Кога станува збор за летен стил, веднаш помислуваме на бретон маици и кошули, парчиња облека со пруги во бела и сина нијанса, ленена облека, но и класични парчиња во чисто бела боја.
Сето ова е дел од така наречениот „наутички стил“, како што често ќе забележите во модните текстови. Поточно, тоа е стил инспириран од униформите на морнарите кој нè потсетува на лето, море и островска атмосфера.
Овој стил на облекување станал особено популарен уште во 19. век, кога морнарите биле доживувани како херои на своето време. Во исто време, Габриела Коко Шанел ги истакнала пругастите маици како основен моден елемент во женската гардероба и придонела овој стил да стане синоним за безвременска елеганција.
Денес, овој начин на облекување, кој веднаш асоцира на одмор на некое грчко острово, сѐ уште е особено популарен. Единствената разлика е што веќе не се носи исклучиво за време на годишен одмор, туку станал применлив и за урбани комбинации. Ако сакате да создадете „морнарски изглед“ било за канцеларија или за лежерна прошетка низ градот, темносина јакна со бели панталони со висок струк, пругаста кошула со бел шорц или пак ленен комплет веднаш ќе го подигнат вашиот стил на повисоко ниво.
Секако, тука се и модните додатоци. Најсигурен избор се чанти од природни материјали како рафија, додека шеширите се и стилски и практични – особено затоа што ќе ве заштитат од сонцето.
Погледнете ги модните комбинации инспирирани од морнарскиот стил во галеријата со фотографии и пронајдете инспирација за сѐ што нè очекува во летните денови.