Научниците иновираа „електронска кожа“ – луѓето со протетски екстремитети ќе имаат чувство за допир


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сингапурските научниците развиле „електронска кожа“ која е способна да има чувство на допир, иновација за која веруваат дека ќе им помогне на луѓето со вештачки протези да ги препознаат предметите и да ја почувствуваат нивната текстура.

„Кожата“ наречена ACES се состои од сто мали сензори и е со големина од 1 квадратен сантиметар.

Научниците од Националниот универзитет во Сингапур велат дека уредот може да обработува информации побрзо од човечкиот нервен систем и е способен да препознае 20 до 30 различни текстури и може да го прочита Брајовото писмо со повеќе од 90 проценти точност.

Луѓето треба да го „лизгаат“ прстот по некој предмет за да ја почувствуваат текстурата, но оваа кожа со само еден допир може да препознае текстура со различна сила, вели водачот на тимот, Бенџамин Те, додавајќи дека алгоритмите за вештачка интелигенција му овозможуваат на уредот брзо да учи.

Демонстрацијата покажа како уредот може да препознае дека топката што го ослободува стресот е мека и утврдил дека пластичната топка е тврда.

„Кога ќе го изгубите чувството за допир, чувствувате вкочанетост … Луѓето кои носат протези го имаат тој проблем“, вели Те.

„Со создавањето вештачка верзија на кожата за нивните протези, повторно можат да ја почувствуваат топлината со нивната рака “, вели Те.

Тој додава дека концептот е резултат на инспирација од сцена од трилогијата „Војна на Sвездите“ во која ликот на Лук Скајвокер ја губи десната рака и добива робот со кој се чини дека може да почувствува допир.

Технологијата е сè уште во експериментална фаза, но има огромен интерес, особено од медицинската заедница, вели Те.