Научниците алармираат: Цивилизацијата се наоѓа на работ на својата пропаст


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако повеќедецениските обиди за забавување на климатските промени и неутрализирање на последиците од тоа не вродија со посакуваните резултати, цивилизацијата стои на работ на пропаста, предупредуваат тим научници.

„Размерите на заканата на биосферата и сите нејзини животни облици – вклучувајќи го човештвото – всушност се толку големи што се тешко разбирливи и за добро упатените експерти“, истакнуваат истражувачите во текстот објавен во магазинот Фронтиерс ин консервејшн саенс.

Авторите толкуваат дека дури и на експертите, бидејќи главно имаат увид само во ограничените области на својата експертиза, им е тешко да ги сфатат размерите на проблемот со кој се соочува нашата цивилизација. Нормално, уште потешко им е на лаиците.

„Просечните луѓе имаат тешкотии во сфаќањето на големината на оваа загуба, и покрај постојаната ерозија на ткивото на човечката цивилизација“, пишуваат авторите и напоменуваат дека причината поради која грандиозноста на нивните зборови може да изгледа претерана е фактот што влоговите за кои станува збор во нивниот труд се неверојатно големи.

„Нашата порака можеби не е популарна, но е навистина застрашувачка“, пишуваат истражувачите во својот осврт во магазинот Консервејшн. „Но научниците мора да бидат искрени и прецизни ако сакаат човештвото да ја разбере големината на предизвикот со кој се соочуваме“, додаваат тие.

Во објавеното истражување се анализирани повеќе од 150 студии, а на него работеле 17 водечки научници, вклучувајќи некои од Универзитетот Флиндерс, Стенфорд и Универзитетот Калифорнија во Лос Анџелес.

Во студијата експерти ги опишуваат веројатните идни трендови на намалување на биолошката разновидност, масовното изумирање, климатските промени и загадувањето со токсични материи.

„Проблемите поврзани со човечкото трошење и растот на населението речиси сигурно ќе се влоши во следните децении. Штетата ќе се чувствува со векови и ќе му се заканува на опстанокот на сите видови, вклучувајќи го и нашиот“, порачуваат авторите.

Тие велат дека прво се обидувале да утврдат во која мера експертите ги сфаќаат заканите за биосферата и нејзините животни облици, вклучувајќи го човештвото.

За несреќа, нивните резултати покажале дека идните услови за живот ќе бидат далеку поопасни отколку што експертите во моментот веруваат.

Тие сите релевантни податоци ги претставиле и објавиле, како и тоа што нè чека, што „исчезнало“ од лицето на земјата и како никој ништо не направил. Исто така, во нивната анализа има и насоки што би можело и требало да се направи барем да се обидеме да го забавиме ваквото црно сценарио.