Наскоро пристигнува новата Е класа од Мерцедес

Со оглед на фактот дека актуелната генерација е од 2016 година, јасно е дека време е Мерцедес да понуди нешто ново од нивната производна лента.

Судејќи по бројните шпионски снимки од камуфлирани прототипови со голема сигурност може да се каже дека Mercedes нема да понуди револуционерен дизајн. Реално е да се очекува еволуција на претходниот дизајн, силно инспириран од актуелната S класа.

А кога моделот е поголемата Ѕ класа, тогаш јасно е дека класата Е ќе добие поаеродинамична форма, додека од сегашните трендови ќе преземе потенки светла со намалени димензии, како и нешто поскромна предна маска. Како што покажуваат рендерите на Kolesa.ru, новата класа Е ќе се истакне со посмирен ненаметлив дизајн со препознатливи елементи на Mercedes.

Во кабината се очекуваат многу посмели потези. Дигиталниот кокпит е сигурна работа, и според сите пресметки, ќе го преземе концептот со два поголеми екрани. Се разбира, сите денешни вообичаени гаџети и системи за помош имаат сигурно место во класата Е. Исто како и електрификацијата, која, очигледно, во комбинација со намалувањето ќе го отстрани V8 од палетата на AMG верзии.

Најоптимистичките прогнози велат дека премиерата на новата Е-класа ќе се случи до крајот на годината, а пореалните го споменуваат почетокот на следната година.