Home Спорт Најверојатно заминува, но во тој клуб НЕ: Донарума го одби Јувентус!

Најверојатно заминува, но во тој клуб НЕ: Донарума го одби Јувентус!

Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус испратил понуда за Џанлуиџи Донарума, но голманот на Милан експресно ја одбил можноста да се пресели во Торино.

Донарума во последните денови е главна тема на Апенините, неговата иднина во Милан е неизвесна, па 18-годишниот голман најверојатно на лето ќе ги напушти „росонерите“.

Јувентус во минатото отворено го покажуваше својот интерес кон Донарума, а сега и официјално доставиле понуда до неговиот агент.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Џиџо експресно ја одбил понудата: „Не, благодарам“, и дека од почит кон Милан категирично исклучува трансфер во Јувентус.

Најверојатно во случај да го напушти Милан ќе замине надвор од Италија, а фаворит за неговиот потпис е супер-богатиот Пари Сент Жермен.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…