Најстарата вода на Земјата лежи на дното од канадски рудник – стара е 2 милијарди години


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најстариот примерок на вода на планетата Земја е најден на дното од еден рудник во Канада, на 3 километри под земјата.

Во 2016 година, група истражувачи во еден канадски рудник направија неверојатно откритие кога го открија најстариот базен со вода дотогаш познат на Земјата. Водата која ја открија на длабочина од околу 3 километри се покажа дека е со старост од 2 милијарди години.

Тоа ја помести рекордната граница на дотогаш познат најстар примерок на вода за најмалку 500 милиони години. Претходно, за најстара вода откриена на планетата Земја се сметаше водата најдена во истиот рудник, откриена од истиот тим на истражувачи, кои тоа откритие го направија во 2013 година на длабочина од 2,5 километри.

Кога рударите отишле подлабоко со ископувањата, истражувачкиот тим ја искористил можноста да ги истражува поголемите длабочини на рудникот. Тие ја анализирале водата која ја откриле со проучување на гасовите заробени во неа. Гасови како хелиум и ксенон можат да бидат заробени во вода која е заглавена во карпести пукнатини, па со нивни мерења може да се дојде до податоци колку е стар тој примерок на вода.

Она што е уште поимпресивно е тоа што рекордната старост на водата не е единственото откритие на научниците. Кога тие ја анализирале течноста, откриле траги на живот во неа. Додека се очекува допрва да најдат жива бактерија, тие во оваа прастара вода открија отисоци од живот. Оттука, научниот тим претпоставува дека некогаш, пред многу голем временски период, во оваа вода живеел некој вид на микробиолошка форма.