Најпознатите суперхерои ќе ја бранат Земјата во долгоочекуваната акција Justice Legaue


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Објавен е финалниот трејлер за долгоочекуваниот филм Justice League, кој ја донесува возбудливата научно-фантастична приказна во која суперхероите Бетмен, Супермен, Вондер Воман, Флеш, Аквамен и Киборг го спасуваат светот.

Justice Legaue е производ кој произлезе од соработката на DC Comics и Warner Bros кои прв пат на филмското платно успеаја да ги соберат на едно место сите јунаци. Тие веќе од претходно се појавуваа како тим во разни видео игри.

Првиот дел од филмот го режираше Зак Снајдер, кој веќе има долга соработка со DC Comics. Тој на публиката им е познат по филмските остварувања како Dawn of the Dead, 300, Watchman, Man of Steel и други. Публиката, исто така, наскоро го очекува и неговиот филм Batman vs. Superman: Dawn of Justice.

Актерската екипа во Justice League ја прават Бен Афлек како Бетмен, Гал Гадот како Вондер Воман, Езра Милер како Флеш, Џејсон Мамоа како Аквамен, Реј Фишер како Киборг и Хенри Кавил како Супермен. Покрај нив, во филмот се појавуваат и Џ.К. Симонс, Вилием Дефо и Амбер Херд. Во светските кино сали филмот стигнува на 17 ноември.