Blade Runner 2049 дебитираше со заработка од 31,5 милиони долари


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Филмот Blade Runner 2049 заработи многу помалку пари на своето кино деби од она што се очекуваше, така што дистрибутерот Warner Bros има причина разочарување.

Warner Bros прогнозираше дека во американските и канадските кино сали, во текот на изминатиот викенд, ќе бидат продадени влезници за споменатиот нов филмски хит во вредност помеѓу 45 и 50 милиони долари. Но, на крајот таа сума на премиерна заработка достигна само 31,5 милиони.

Сепак, тоа беше барем доволно за освојување на првото место на американскиот „бокс офис“. Далеку на второто место се наоѓа филмот The Mountain Between Us со заработка од 10,1 милиони долари. Третата позиција му припадна на It (9,63 милиони долари), а четвртото на My Little Pony со 8,8 милиони долари заработка. Во првите пет се најде и филмот Kingsman: The Golden Circle со заработка од 8,1 милиони долари.

Еве ја комплетната топ 10 листа со заработки од минатиот викенд.

1. Blade Runner 2049 – 31,5
2. The Mountain Between Us – 10,1
3. It – 9,63
4. My Little Pony – 8,8
5. Kingsman: The Golden Circle – 8,1
6. American Made – 8,07
7. The Lego Ninjago Movie – 6,75
8. Victoria & Abdul – 4,1
9. Flatliners – 3,8
10. Battle of the Sexes – 2,4