Најпознатата лимузина од Mercedes одбележа 45 години постоење


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во денес не баш блиската 1975 година, кога светот се обидуваше да се опорави од првата нафтена криза, автомобилскиот гигант Mercedes изненади со супериорниот автомобил кој не се грижеше за заштеда, нудејќи бескомпромисни перформанси и луксуз без преседан во светот на автомобилите.

Тоа го постигна со производството на првиот Mercedes 450 SEL 6,9, најдобриот автомобил во W116, но и во историјата на Mercedes. Не само тоа, со најголема брзина од 225 км на час, тој беше најбрзиот седан на светот.

Иконата за брендот од Штутгарт се напојуваше со рачно изработен М100 мотор, 6,9 V8 развиен од легендарниот Mercedes 600 (серија W100), каде што цилиндерот беше зголемен од 103 милиметри на 107 милиметри.

Со 12 литри масло се ладеше мотор способен да максимизира 286 КС и 550 Нм. Технолошки напредната машина се совпадна со тристепениот автоматски менувач, што беше доволно за да стигне до 100 км на час за 7,4 секунди и да ги постигне гореспоменатите 225 км на час.

Празен автомобилот имаше тежина од скоро два тона (1935 кг). И, ако сте заинтересирани за потрошувачката, со 110 км на час трошеше околу 16 л / 100 км според мерниот стандард DIN.

Моторот не беше единственото напредно решение во овој мерцедес. Автомобилот во внатрешноста има дрвен фурнир, како и хидропневматска саморегулирачка суспензија. За разлика од денешните, овој Mercedes имаше 14-инчни тркала со гуми 215/70.

Опремата, се разбира, беше од прва класа. Климатизација, прозорци за топлинска изолација, електрични прозорци и контрола на возењето, беа стандардна опрема, исто како и велурот на седиштата или системот за чистење на фаровите. Сепак, шибердах се доплаќал и тоа 988 марки, додека телефонот Becker AT 160 S чинеше неверојатни 13.542 марки. Во 1976 година, толку чинел Golf, и тоа нов.

Во петте години на производство, вкупно 7.380 лимузини биле произведени и продадени по цена од дури 69.930 германски марки, што е двојно повеќе од некои од репрезентативните Mercedes модели во тоа време. На пример, 280 S тогаш вредел 28.849 марки.

Дури и денес е еден од најбараните Mercedes во сегментот на класична лимузина.