Екстра

Најпопуларните летни дестинации за оваа сезона според Airbnb

Airbnb ги издвои местата со најголем број на резервации за ова лето. Се уште најпопуларни се бројни летувалишта покрај море, а не оние на планина. Погледнете кои се најпопуларни, па можеби и ќе ви дадеме предлози за каде да го поминете вашиот летен одмор.

Дестин, Флорида

Ова е популарно место и на пролет и на лето, а туристите најмногу време уживаат играјќи голф.

Росарито, Мексико

Ова е гратче на плажа, сместено на само неколку километри од границата со САД. Го красат луксузни одморалишта и првокласни рибни ресторани.

Скарбороу, Англија

Ова гратче е исто така морско одморалиште уште од викторијанско време, но во последно време овде се развива и културата.

Јохор Бахру, Малезија

Иако долго време се сметаше за хаотичен град, кој нема ништо посебно да понуди, последните години Јохор Бахру се „издигна од пепелта“. Ако го посетите ќе видите многу интересни музеи, храмови и хипстерски кафе барови кои никого нема да го остават рамнодушен.

Леванто, Италија

Секако, Италија има многу градови и места кои вреди да се посетат, а еден од оние прекрасните, но сепак непознати за туристите е Леванто. Локацијата на која се наоѓа ќе ви го одземе здивот, а ако сакате да ги избегнете гужвите, тогаш посетете го Чинке Тере.

Салоу, Шпанија

Салоу пред се го краси прекрасна плажа позната како Коста Дорада. Салоу е сместен јужно од Тарагоне, а со оглед на тоа дека е во близина и славниот забавен парк PortAventura, идеален избор е за целото семејство.

Ханои, Виетнам

Главниот град на Виетнам оваа година доживеа вистински бум. Преполн е со различни штандови на кои се нуди храна и пијалаци.

Ла Сиотат, Франција

Ова е мал и романтичен град на Ажурното крајбрежје, каде што покрај убавите плажи ќе може и да го посетите едно од најстарите кина на светот, Eden Theater.

To Top