Home Вебкафе Најосаменото суштество: Песната му ја слушаат со децении, а никој не го видел

Најосаменото суштество: Песната му ја слушаат со децении, а никој не го видел

Песната на китот која научниците ја слушаат со децении, а е достапна на многу високи фреквенции, веројатно е дело на најосаменото суштество на светот кое, никој никогаш не го видел.

Инаку, овој цицач го добил името најосамен затоа што фреквенцијата на која комуницира не е својствена за ниеден друг кит кој живее во Тихиот Океан. Цело време ниеден кит не изреагирал на неговата тажна песна.

Експертите претпоставуваат дека станува збор за кит перајар или за син кит, иако постои шанса да станува збор за хибрид од овие два вида.

Американската морнарица од 1980 година ги снима песните на китовите, но Вилијам Воткинс во 1989 година забележал дека една песна има повисока фреквенција од останатите.

Повеќето китови перајари и сините китови произведуваат звуци со фреквенција од 17 или 18 херци (што на луѓето им се чини многу длабоко), додека звуците на осамениот кит имаат фреквенција од дури 52 херци.

Тимот на Воткинс успеал да го следи движењето на овој кит во текот на сезоната на парење. Студијата привлекла многу внимание кога истражувачите објавиле дека станува збор за најосамениот кит на светот бидејќи на неговата високофреквентна песна не одговара друг кит.

Load More Related Articles
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Јапонска работа

Чистење на најточниот и најбрз воз од легендарната јапонска железничка мрежа Шинкансен. На…