Денес во скопскиот Кривичен суд започнува судењето на петмина членови од првостепената и пет членови на второстепената комисија во случајот за смртта на Тамара Димовска од Велес. Обвинение е поднесено против Маја Парнаџиева-Змејкова и Џемаили Мехази, како директори на Фондот за здравствено осигурување, Владимир Поповски, Александар Чапароски, Лилјана Тозија, Наталија Долненец-Банева и Никола Граматиковски, како членови на првостепената комисија која …