Home Вебкафе Без сомнение: Фреди е најдобриот пејач на сите времиња

Без сомнение: Фреди е најдобриот пејач на сите времиња

Група од австриски, чешки и шведски експерти спроведоа истражување кое е објавено во „Logopedics Phoniatrics Vocology“ и на основа на кое покојниот Фреди Меркјури, фронтменот на групата „Qween“ е најдобриот пејач на сите времиња.

Иако не го тестирале урбаниот мит по кој Меркјури има распон на гласот од четири октави, открија некои повеќе од интересни факти за гласот на легендарниот пејач.

Фреди Меркјури е роденден на денешен ден 1946. година. Почина 1991. година од последица на инфекција на ХИВ вирусот. Беше еден од најавтентичните, но и најинтригрантните личности во светот на музиката и шоу бизнисот.

Фронтменот на култниот бенд е познат како тенор, а всушност е поблизок до баритон.

Тим од експерти тоа го базираше на шест интервјуа кои ги дал Фреди, а кои открија дека просечната фрекфенција на неговиот глас е 117.3 херци.

Тие заклучија дека неговите гласни жици побрзо се движеле отколку кај другите луѓе.

„Квантитативната наализа која користеше ново воведен параметар за процена на правилноста на вокалните вибрации ја поткрепија својата перцептивна неправилна природа, сугерирајќи дека правилноста на вибратото е дистинктивно обележување на пејачкиот глас“, пишува во студијата објавена првпат пред неколку години.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Најдраматичните љубовни приказни на познатите кои нема да ве остават рамнодушни

Во светот каде љубовта често изгледа како совршена бајка, постојат приказни кои не само шт…