Синоќа, после 23 часот, во струмичкиот трговски центар „Глобал“ изби голем пожар. Огнот најпрвин зафатил четири продавници на приземјето и се проширил кон првиот кат и пазарот. По повеќечасовна борба, пожарот е изгаснат рано утринава, а на одредени места во внатрешниот дел, каде се сместени поголем број тезги и продавници се уште тлее и повремено се појавуваат мали пламени јазици. …