
Кејт Босворт и Џастин Лонг се заедно веќе околу пет години, а нивната врска и натаму е стабилна.
На едно од нивните ретки заеднички појавувања во јавноста, двајцата беа забележани како се држат за раце додека излегуваат од продавница на „Таргет“ во Лос Анџелес, во неделата, на 8 ноември.
За време на краткото пазарување купиле средства за чистење и производи за патување.

Кога почна нивната врска?
Првите информации дека Кејт и Џастин се во љубовна врска се појавија во јануари 2022 година.
„Во врска се веќе неколку месеци. Тајно биле на неколку заеднички патувања. И двајцата сакаат да патуваат“, објави тогаш Us Weekly.
Според тоа, нивната љубовна приказна започнала есента 2021 година, односно пред околу пет години.
Се венчаа во мај 2023 година, а во 2025 година добија ќерка со помош на сурогат-мајка.

Заедно глумеа во хорор-комедијата „Coyotes“
Двојката го снимаше филмот „Coyotes“ кон крајот на 2024 година, а неговата кинопремиера беше во октомври 2025 година.
Приказната следи семејство кое влегува во очајна борба за опстанок откако глутница којоти го опколува нивниот дом во Холивуд Хилс. Филмот може да се гледа бесплатно на стриминг-сервисот MGM+.
Џастин минатата година на Инстаграм напиша: „Овој филм го создадоа луѓе што ги сакаат „Gremlins“, „Tremors“ и одличните семејни трилери од осумдесеттите и деведесеттите. Знам, знам, тоа е волк, но нема емоџи за којот… а уште помалку емоџи што соодветно би доловило колку се свирепи и избезумени овие којоти. И уште нешто… ова е само филм! Многу, многу забавен филм“.


Извор: Just Jared