Февруари, на латински mensis Februarius, го добил името по februa – „прочистувачки и искупувачки предмети“, т.е. предмети што се користеле во обредите кои се изведувале кон средината на месецот, за време на празникот Луперкалии. Луперкалиите биле древен верски празник со предримско потекло посветен на богот Луперк. Празнувањето почнувало пред пештерата во која, според преданието, живеела волчицата што ги одгледала Ромул …