Србите на прво место во Европа и трети во светот по бројот на вакцинирани граѓани против КОВИД-19


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Според статистичките податоци и просекот во последната недела, нашиот северен сосед Србија е прва во Европа, и трета во светот според бројот на вакцинирани граѓани на 100 жители, покажуваат податоците објавени на веб-страницата „Our world in data“ на Универзитетот Оксфорд.

Според овие податоци, само Израел и САД се пред Србија во светот.

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, утрово изјави дека досега во Србија се вакцинирани 438.000 лица.