Временска прогноза за првиот февруарски ден


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Првиот февруарски ден од 2021 година времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд со послаб интензитет, на планините во западните делови со повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 9 до 16 Целзиусови степени.

Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 13 степени. Маврово 3, Охрид 9, Битола и Крива Паланка 11, Берово 10, Кавадарци и Дојран 16.

Утре ќе преовладува облачно време, на места со слаби врнежи од дожд. Од среда следува период на стабилно време со натпросечни дневни температури и со услови за магла по одделни котлини.