Најмногу луѓе на светот се родени на овој датум


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Научниците од Харвард со истражување открија дека најмногу луѓе на светот се родени на 16 септември.

До овој заклучок дојде харвардскиот професор Амитаб Чандра, кој собираше податоци за родендени во периодот од 1973 до 1999 година. Најмалку луѓе се родени на 29 февруари, нормално.

Овој податок говори дека луѓето најчесто се препуштаат на страстите околу новогодишните празници. Некои претходни истражувања покажаа дека 2 јануари е денот кога е најголема веројатноста дека жената ќе зачне.

Дури 71% од родителите баш во тој празничен период се впуштале во сексуални односи, бидејќи во тие денови на забава и чашка повеќе дополнително се зближиле, вели истражувањето. Во Велика Британија 2 јануари е прогласен дури и за „Национален ден за правење бебиња“, а во таа земја најчест датум на роденден е 26 септември.