Најлуксузното патничко комбе на светот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во Азија луксузните комбиња како концепт за превозно средство стануваат сè попопуларни меѓу потрошувачите, а овој тренд полека се шири и на другите пазари. Овие возила може делумно да се сведат на именител на MPV, а тие првпат беа ажурирани во 2019 година со лансирањето на Lexus LM. Неодамна Hyundai понуди нешто слично со моделот Staria, кој навистина изгледа космички.

Сега Voyah, луксузниот подбренд на Dongfeng, го откри својот адут. Се вика Dreamer, а ќе се продава следната година.

Voyah Dreamer не е револуционерен, но сепак е импресивен. Се додека не се види предниот дел, во кој доминира огромната предна решетка. Таа е толку голема што ги маргинализира светлата, а речиси и да нема браници. Ако на сè додадеме хром, станува јасно како денес се доживува луксузот.

Она што е за пофалба, се имплементацијата на лизгачки врати и голема стаклена површина. Задниот дел, пак, доби и спојлер и елегантни хоризонтално ориентирани светла.

Сепак, она што ги тера ваквите возила да се купуваат е внатрешноста и луксузот што го обезбедуваат. Dreamer, долг 5.315 метри нуди рекордна просторност, како и напредна технологија. Предната арматура е целосно дигитализирана, возилото има конфигурација од 2 + 2 седишта.

И тоа не е сè. Имено, иако се работи за комбе, овој модел е поставен на нова платформа, а ќе се нуди во електрифицирани комбинации. Електричната верзија наводно има 693 КС и 1040 Nm, а со AWD погон ова може да го направи најбрзиот модел во сегментот на глобално ниво.