Најизолираниот остров на планетава ја крие тајната за настанувањето на Земјата


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Бувет е мала вулканска карпа во јужниот дел од Антарктикот која претставува најпуста и најзафрлена островска формација прекриена со карпи и мраз. Ова мало островче ја крие тајната за настанувањето на Земјата.

На оваа субанатарктичка територија, која и припаѓа на Норвешка, оддалечена илјадници километри од цивилизацијата, ретко кога стапнува човечка нога.

За морепловците овој остров е најдалечниот на Земјата , зашто и да се стигне, временските услови се менуваат од час во час и пристапот е лош. Островот Бувет е посебно интересен за научниците, зашто се наоѓа на удар на западните ветрови ,кои се мешаат со топлите струи и токму на овој остров се најизразени пореметувањата на нивото на морињата.

Во последните 30–тина години се вршат редовни истражувања. Професорката Лиз Томас од организацијата „British Antarctic Survey“ вели дека и промените на ветровите на Земјината топка имаат влијание врз климата, како и врз топењето на големите ледени карпи.

Томас изврши истражувања со земање сонда со мраз од островот и врз основа на слоевите мраз ги утврдува промените на климата на земјината топка со илјадници години наназад, како и човековото влијание врз таквите промени.

Професорката податоците од ова истражување ќе ги презентира кон крајот на 2019 на состанокот на Американската геофизичка заедница, најголем собир на научниците за Земјата и вселената.