Најголемата желба на Јувентус е… Гвардиола!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Алегри веќе донел конечна одлука, па Јувентус без разлика на исходот на сезоната ќе бара нов тренер на лето.

Имено, Макс Алегри според тврдењата на италијанските медиуми веќе го известил клубот дека неговиот циклус е завршен и дека по пет години ќе го напушти Торино.

Јувентус веќе ја започна потрагата по негова замена, а медиумите изминатите денови лецитираа со името на Зинедин Зидан кој е слободен после заминувањето од Реал Мадрид.

Сепак, денес „Спортмедиасет“ лансираше вистинска „бомба“ и тврди дека најголема желба на раководството на „старата дама“ е актуелниот менаџер на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.

Медиумот дополнува дека Гвардиола тешко дека ова лето ќе ги напушти „граѓаните“ за да се пресели во редовите на италијанскиот шампион.

Меѓутоа, „бјанконерите“ ќе се обидат да го донесат и веќе оствариле првични контакти со неговиот агенти брат Пере Гвардиола.

48-годишниот Каталонец освои титули во Шпанија, Германија и Англија, и не ја затвора вратата за негово доаѓање во Италија, но смета дека неговиот циклус во Манчестер Сити не е завршен и најверојатно ќе остане на „Етихад“.

Доколку не успеат да го убедат Гвардиола да се пресели во Торино, челните луѓе на Јувентус ќе се насочат кон Зинедин Зидан, а не се исклучува и враќање на Антонио Конте на кормилото на „бјанконерите“.