Филм / ТВ

Најдобриот документарец за природата по гледаност ги гази и реалните шоу емисии

Иако се емитувани само четири епизоди, Planet Earth II веќе ги руши сите рекорди на гледаност. Судејќи според информациите од ВВС, младите од 16 до 34 години повеќе ја гледаат најдобрата документарна емисија за природата на сите времиња отколку реалното шоу X-Factor.

Спектакуларниот документарец на ВВС привлекува околу 100.000 млади повеќе отколку X-Factor, пренесува Metro. Просечно, филмот го гледаат 12 милиони гледачи по епизода.

За успехот на втората сезона на најдобриот документарен филмски серијал за планетата Земја, легендарниот Дејвид Атенбороу за Radio Times изјави: „Ми рекоа дека привлекуваме поголем број млади гледачи. Изгледа дека музиката од Ханс Зимерман е посебно впечатлива за младите, а тоа неизмерно ме радува“.

Атенбороу вели дека за популарноста на серијалот може да се заблагодари и на технолошкиот напредок, а додава дека верува оти многу гледачи „повторно се поврзуваат со планетата чија убавина и здравје се во пад“. „Гледањето на нашиот филм е еден вид на терапија“, заклучува култниот 90-годишен лик.

Во само неколку епизоди, Planet Earth II успеа да ги испорача некои од најдобрите сцени на животот во природата и дивината кои се снимени било кога.

To Top