Home Актуелно НБРМ: За 9 месеци одлив на 8,5 милиони евра од државава кон Бермуда

НБРМ: За 9 месеци одлив на 8,5 милиони евра од државава кон Бермуда

Од јануари до септември во Македонија влегле 199,08 милиони евра директни инвестиции од странство.

Но, во септември Народна банка бележи пад кај инвестициите од 22,6 милиони евра. Во јуни се одлеале помалку пари – 7,71 милион евра. Тоа се двата месеци во кои салдото меѓу влезот на инвестиции од странство во Македонија и одлевањето кон матичната земја од која доаѓа инвестицијата, е негативно.

За девет месеци годинава најмногу пари од Македонија се одлеале кон Бермуди. Податоците на Народна банка покажуваат дека минусното салдо со Бермуда кај странските инвестиции е 8,48 милиони евра.

Подетално, во првиот квартал, од овие острови во Атланскиот океан, има прилив од 520 илјади евра, во вториот квартал приливот е 5,37 милиони евра. Но, во третиот квартал има одлив од 14,36 милиони евра.

На листата земји кон кои се одлеале пари се и Девствените острови, со износ од 20 илјади евра. Кон Романија има одлив од 3,24 милиони евра, а кон Холандија – 6,04 милиони евра. 50 илјади евра е минусното салдо со Чешка.

Најмногу инвестиции во Македонија за деветте месеци дошле од Германија 23,20 милиони евра, потоа од Турција 23,14 милиони евра, од Италија 12,46 милиони, Луксембург 11,48 милиони и Бугарија 11,72 милини евра.

Load More Related Articles
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

КПХФВ: Уличниот стил во Копенхаген ја обликуваше и обои радоста

Вистина е дека, со целиот хип околу Париската недела на висока мода, Копенхаген можеби ост…