Home Спорт Надал не закажа полуфинална класика во Мадрид – елиминиран од Алкараз кој ќе му се спротивстави на Ѓоковиќ

Надал не закажа полуфинална класика во Мадрид – елиминиран од Алкараз кој ќе му се спротивстави на Ѓоковиќ

Љубителите на тенисот нема да гледаат тениска класика во Мадрид, откако Рафаел Надал беше елиминиран од Карлос Алкараз кој сега во полуфиналето ќе игра против Новак Ѓоковиќ.

Алкараз одигра фантастични два сета, првиот и третиот, па заслужено ќе се бори за финале со Новак. Првиот сет „тениското чудо“ го доби со 6:2 во гемови. На почетокот на вториот заработи мала повреда, интервенираше лекарската екипа, а дали тоа имаше некакво влијание или не Рафа тој сет го доби со 6:1.

Во третиот сет Алкараз одново го врати високото ниво на игра и констатно беше во водство, а на крајот победи со 6:3 во гемови.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…