Сончева и топла сабота


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денеска, сабота, 7. мај, времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а во западните планински подрачја ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се движи од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени.

Во Скопје времето исто така ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 23 степени.

За време на викендов ќе преовладува сончево и топло време. Во текот на следната седмица ќе се задржи сончево и топло време, но во попладневните часови, особено во вторник ќе има појава на локален пороен дожд и грмежи.