На водителите „очи им истекоа“ по деколтето од гостинката


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Водителскиот пар на емисијата This Morning, една од најпопуларните ТВ емисии во Велика Британија, не можеа да престанат да зјапаат во големите гради од нивната гостинка, гест поради кој подоцна им се извинија на гледачите.

Имон Холмс и Рут Лангсфорд, сопружниците кои ја водат споменатата емисија, не можеа да ги симнат погледите од 23-годишната Чидера Егере, но делумно имаа и оправдана причина за тоа.

Чигер говореше за важноста на својата кампања Saggy Boobs Matter. „Имаш длабоко деколте. Тешко е човек да не гледа во него, но тебе не ти пречи“, рече Рут и се извини за употребата на зборот saggy.

A post shared by Chidera (@theslumflower) on

Чидера ја убедуваше дека тој збор не е проблем за неа, со оглед дека истиот е дел од нејзината кампања. „Не би го користела тој збор бидејќи ми делува навредливо“, рече Рут.

Чидера призна дека среќава голем број луѓе кои тој збор го користат во негативен контекст на социјалните мрежи, поради што таа и ја иницирала својата кампања со која сака да го смени тоа.

A post shared by Chidera (@theslumflower) on

A post shared by Chidera (@theslumflower) on

„На Инстаграм типови ми оставаат коментари како: Имаш 23 години и цицките ти висат, зошто?“, објаснува таа.

A post shared by Chidera (@theslumflower) on

Додаде дека реакциите на нејзината кампања главно се позитивни. „Тинејџерките ми кажуваат дека овој хаштаг ги спречил да одат на консултации кај пластични хирурзи“, додаде Чидера.