На шкотскиот остров Скај пронајдени раритетни отпечатоци од диносауруси


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Околу десетина доста ретки отпечатоци од диносауруси кои настанале пред 170 милиони години беа пронајдени на шкотскиот остров Скај.

„Колку повеќе го истражуваме островот Скај, толку повеќе отисоци пронаоѓаме“, изјави Стив Брусејт од Геолошкиот универзитет во Единбург.

Пронајдените отисоци им припаѓаат на сауроподите и тераподите од средината на периодот Јура. На овој локалитет се пронајдени два вида на диносауруси – долговратиот бронтосаурус и познатиот Ти-рекс.

Откритието е исклучително значајно, бидејќи претставува еден од ретките доказни материјали од овој период, од кој се пронајдени само неколку фосилни локалитети.