На Месечината откриени 6.000 нови, досега непознати кратери – еве кој ги отрки


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ако некој некогаш имал прилика со зум да ја гледа површината на Месечината, тогаш веројатно првото што го забележал се големиот број кратери со кои е прекриен нашиот природен сателит. Но, научно-истражувачката фела сега излезе со податок за новооткриени кратери на Месечината за кои досега не се знаеше.

Овие претходно недетектирани кратери на Месечината биле откриени од вештачка интелигенција (AI).

Истражувачки тим воден од Ари Силбурт и Мохамед Али-Диб од универзитетот во Торонто, користеле AI алгоритам за анализирање на 90 000 слики од Месечината во потрага по кратери пошироки од 5km.

Тоа резултирало со откривање над 6.000 кратери, што ја дуплира двојката на познати кратери со оваа големина на Месечината, а истражувачите се надеваат дека со подобрување на техникава би можеле да се пронајдат стотици илјадници помалечки кратери на Месечината и на другите небески тела.

Како што е објаснето во студијата, броењето на кратерите е од големо значење за осознавањето на динамичката историја на Сончевиот Систем, нешто што досега било правено преку визуелна инспекција на сликите со што се ограничувала ефикасноста и точноста на добиените информации.

Новосоздадената нервна мрежа наречена CNN (convolutional neural network) е понапреден алгоритам кој во споредба со другите не треба да се „тренира“ со постоечки слики, туку самиот учи да студира региони кои претходно никогаш ги немал видено.