Дали подбеленото чоколадо е штетно или не?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако рокот на траење не му е изминат, честа појава е на површината од чоколадото, наместо чисто кафеава боја, да има појава на подбелен дел со бел прашкаст слој од чоколадото, кој најчесто ги одвраќа обожавателите на овој сладок десерт од консумирање на истиот.

Германските научници од Хамбург поради честите поплаки на потрошувачите открија зошто чоколадата побелува и ја менува својата текстура.

Тие дошле до сознание дека во најголемиот број на случаи причина за ваквата појава е чувањето на несоодветна температура.

Складирањето на чоколадата на премногу топло или ладно место предизвикува таканаречено „масно цветање“, односно појава на бели честици по самата површина.

Имено, на несоодветна температура честици од чоколадата се појавуваат на површината преку ситните пукнатини. Меѓутоа, стручњаците потенцираат дека и ваквата чоколада не е штетна по здравјето на луѓето.

Тие наведуваат дека оваа појава може да се избегне ако се чува на соодветни услови на температура од 16 до 18 степени. А исто така предлагаат веќе отворената чоколада што побрзо да се изеде.