На малиот Луис му е гајле што баба му е кралица и тој мора да биде принц (снимка)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На вчерашното отворање на прославата на платинестиот јубилеј, кралицата Елизабета Втора се појави на балконот на Бакингемската палата со најблиските членови на семејството.

Излегувањето на балкон пред Британците е традиција на кралското семејство, но оваа година никогаш немало помалку членови на кралското семејство.

Камерите од целиот свет го следеа нивното излегување на балконот. Заедно со кралицата, на балконот беа принцот Чарлс, војвотката Камила, принцот Вилијам, војвотката Кејт Мидлтон и внуците на кралицата, принцовите Џорџ и Луис и принцезата Шарлот.

Најмногу внимание на балконот привлече четиригодишниот принц Луис. Занемарувајќи ги камерите, момчето си ги цицаше прстите, разиграно одеше лево-десно пред кралицата, правеше гримаси и ги покриваше ушите за време на летот на воените авиони. Снимателите, секако, сето тоа го фатија на камерите.