На финскиот скијач Линдхолм му замрзна половиот орган за време на олимписката крос-кантри трка на 30 километри


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


50 километри долгата крос-кантри трката на Олимписките игри од страна на организаторите беше скратена на 30 километри поради лошите временски услови, но тоа не му помогна многу на финскиот скијач Реми Линдхолм, патеката успеа да ја заврши, но со замрнат пенис.

Линдхолм помина нешто помалку од еден час и 16 минути во услови на екстремно ладен ветер, што доведе до тоа да доживее замрзнување на чувствителниот дел од телото по втор пат во неговата кариера, откако тоа му се имаше случено и на трка во Финска.

-Можете да погодите кој дел од телото беше малку замрзнат кога завршив… тоа беше еден од најлошите натпревари на кои сум бил, изјави тој за финските медиуми.

По завршување на трката тој морал да употреби топли облоги и нагласи дека процесот на одмрзнување бил болен.