Бугарска работа, еј…


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Вчера, македонскиот премиер Димитар Ковачевски на Фејсбук објави фотографија преку која во описот соопшти дека на маргините на Минхенската безбедносна конференција, обраќањето на потпретседателката на САД, Камала Харис, го следел со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен и бугарскиот премиер Кирил Петков.

Притоа, Ковачевски посочи дека Блинкен ја изразил својата целосна поддршка за дијалогот и пријателството меѓу Скопје и Софија.

Истото е наведено и во владиното официјално соопштение, каде пишува дека Ковачевски, заедно со Петков имале срдечна средба со Блинкен.

Денеска, истата фотографија се најде и на Фејсбук профилот на бугарскиот премиер Кирил Петков, но Ковачевски беше исечен од неа.

Потегот на Петков предизвика лавина реакции во јавноста и се најде во фокусот на македонските и бугарските медиуми.

Од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение велат дека новите ветришта на пријателството „го оддуваа“ Ковачевски од фотографијата. Бараат и владина реакција.

Од прес-службата на бугарската влада за нова.бг одговориле дека фотографиите се направени на самата конференција, а доколку некоја од нив е редактирана, тврдат дека тоа ненамерно се случило во прес-центарот.