МВР: Случајот со Диме Спасов е чист, ќе следи пријава за заменик министерот


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Од Министерството за внатрешни работи велат дека истрагата за инцидентот со заменик министерот за труд и социјала Диме Спасов, кој предизвика две сообраќајни несреќи, е завршена.

Случајот е чист како солза кратко велат од МВР и додаваат дека најдоцна до утре ќе бидат поднесени соодветни пријави против учесниците во инцидентот.

Министерот Оливер Спавоски не откри кој ќе се гони прекршочно, а кој ќе добие кривична пријава. Тој само рече дека Законот ќе важи поддеднакво за сите, без разлика дали е министер или обичен граѓанин.

Министерката за труд и социјала пак, Фросина Ременски веќе најави кривична пријава против Спасов за неовластено користење на „туарегот”, кој како што тврди е во сопственост на директорот на Агенцијата за вработување.

Инаку, инцидентот со Спасов се случи во петокот вечерта, кога дополнителниот министер со службеното возило удрил два автомобили и избегал.

Него го запрела полиција, а додека го утврдувале идентитетот на неговата сопатничка Т.К, Спасов со трчање избегал. Потоа, по два часа в полиција дошло лице вработено во министерството на Спасов кое рекло дека тоа управувал со автомобилот, но не знаел да ги каже деталите од приказната.

Другиот ден пак, Спасов пријави в полиција дека го бркале тројца албанци, како што рече од криминалното подземје.