Мурињо доби поддршка од раководството на Јунајтед!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо ја има целосната поддршка на управата на клубот и покрај слабата игра на тимот во првите кола и засега не постои можност да добие отказ, тврди „Би-Би-Си“.

Манчестер во првото коло многу тешко стигна до победа над Лестер, а во неделата загуби од Брајтон, а тоа повторно ја актуелизираше темата за иднината на Португалецот.

„Тајмс“ пренесува дека португалскиот тренер ја ужива поддршката на раководството и на играчите и покрај шпекулациите за нарушени односи со некои фудбалери, како и негова смена во скоро време со Зинедин Зидан.

Извори од „Олд Трафорд“ за англиските медиуми потврдија дека воопшто не се размислува за смена на Мурињо.

Мурињо пак не го крие разочарувањето што клубот не му ги донесе посакуваните засилувања во летниот предоден рок. „Специјалниот“ бараше нов дефанзивец и крилен напаѓач.