Мурињо со тешка мисија – да донесе играч на Евертон до крајот на денот!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Мурињо ќе се обиде до крајот на денот да го комплетира трансферот на Шејмус Колман од Евертон, пренесуваат англиските медиуми.

Десниот бек веќе подолго време е мета на Жозе Мурињо и ќе се обиде да го убеди Еветон да се согласи на трансфер до завршувањето на преодниот рок.

„Карамелите“ немаат намера да се откажат од својот фудбалер, но имаат одлични односи со Јунајтед и доколку пристигне добра понуда би можеле да размислат.

Мурињо има потреба од засилување на бековските позиции и во Колман гледа идеална алтернатива на Валенсија, но тешко дека ќе може да се реализира трансферот до затварање на трансфер прозорецот.