Му пукна филмот: Леброн го напушти пресот поради прашањата за „случајот Смит“ (видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


А и како да не му пукне филмот и да не ја напушти прес-конференцијата кога новинаров е досаден како мува „на една работа“.

Новинарот запна да го распрашува Леброн Џејмс за ситуацијата пред крајот на натпреварот од финалниот дуел меѓу Кливленд Кавалирс и Голден Стејт Вориорс, кога Џеј Ар Смит имаше шанса да постигне победоносни поени на буквално 3-4 секунди од крајот на натпреварот, но избега од под кошот после освоената топка мислејќи дека неговиот тим е во водство.