Мразев се на себе, ја мразев личноста во огледалото, а по големата„борба“ сфатив се!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Таа се мразеше, се мразеше гледајќи се во огледало и го мразеше секој дел од себеси, а подоцна сфати. Без оглед на сите свои недостатоци, таа е посебна, поинаква и прекрасна.

„Се мразите ли кога мора да се погледнете во огледало? Се мразите ли кога ќе забележите дека не сте ги загубиле оние пет килограми за кои сте кажале дека ќе ги загуби една година порано, кога ќе ги видите вашите досадни смеѓи очи, кои ги имате од своето раѓање, кога гледате дека и натаму сте ниски, кога ќе ги видите ваши лоши заби и чудна насмевка, кожата која сакате да ја прекриете со нешто поради лузните и неправилноста и своите тенки веѓи? Не сакате ли во ваквите моменти да сте некој друг? Јас посакував.

Мразев се на себеси

Се сеќавам кога слабеев дека не се чувствував добро. Луѓето ме натераа да се чувствувам лошо. Се обидов да променам многу работи на себе. Сакав бидејќи чувствував дека морам. Мислев дека морам да ги променам работите на себеси за да се чувствувам посакувано. Ги мразев лузните на своето тело.

Ги мразев сите стрии кои ги имав од боковите до ногата. Мразев што сум ниска. Го мразев својот стомак, својата коса…Го мразев своето лице бидејќи не беше убаво како кај другите девојќи. Ги мразев своите гради бидејќи не беа доволно големи. Не беа доволни да ме наречат дама или девојка. Ги мразев своите навики за јадење. Мразев што не сум како другите девојки. Се мразев себеси бидејќи не бев слава, витка, висока и убава како и другите.

Се чувствував грдо

Веѓите не ми изгледаа добро. Мојот нос не беше рамен. Бојата на кожата не ми беше еднолична. Стилот ми беше старомоден. Погледите кон светот ми беа наивни. Секогаш се чувствував дека ништо не ми оди и затоа се чувствував уште полошо во врска со себеси.

Секогаш кога ќе се погледнев во огледало, се што гледав беше девојка за недостатоци каква што бев. Како некој може да сака некого со толку маани и несовршености, како што сум јас?

Секојдневно слушам разни навреди, погрдни имиња и шеги. Се смеам бидејќи на прва секогаш мислам дека тоа е нешто неважно и дека е во ред. А повторно, сега ова го пишувам и ги изразувам своите емоции кои ги отргнав пред многу години. Овојпат одлучив да ги пренесам своите чувства и да ги запишам.

„Можеби се во право“ е првото што ми паѓа на памет. Овие зборови ме уништуваа. Мојата ниска самодоверба луѓето не ја приметуваа. Мислам дека луѓето околу мене не знаеја дека вака се чувствувам. Нема врска, ова беше моја битка. Ова беше моја војна. Беше тешко. Во текот на тој хаос се загубив самата себеси. Сакав да бидам подобра, но не подобра јас, туку подобра некоја друга личност.

Постојано губев во својата битка. Бев и депресивна. Го изгубив поимот за тоа која сум јас воопшто. Не можев да се препознаам и не се гледав веќе во огледало. Само седев и се смеев со прјателите, додека во себе патев.

Променив се на себеси

Првпат повторно застанав пред огледало. Ја променив бојата на косата, се нашминкав, облеков потпетици и прекрасен фустан, но и натаму ја гледав неа. Таа и натаму беше тука. Девојката која толку ја мразев. Девојката која сакав да ја заборавам. Изгледаше полошо од претходно. Само така се гледав.

Тогаш сфатив уствари колку таа девојка е совршена. Не беше ниту преслаба, ниту дебела, но беше убава. Нејзините лузни беа ознаки за нејзината убавина. Нејзината чудна насмевка, грди заби, нееднавката боја на кожата и тенките веѓи се издвојуваа од сите останати. Не беше неодолива како што сакаше да биде, но беше посебна на начин на кој ниту една друга девојка не беше.

Сфатив дека девојката која всушност толку ја мразев е воедно и девојката која ја сакав. И така престанав да се мразам гледајќи се во огледало. Девојката во огледалото сум јас и ја сакам.“