Home Актуелно Може да ја ослободат: Осудена на 159 години затвор поради убиство на 60 бебиња

Може да ја ослободат: Осудена на 159 години затвор поради убиство на 60 бебиња

Бившата медицинска сестра Џенин Џонс беше осудена на 159 години затвор поради обвинение за убиство на 60 бебиња во Тексас. Оваа жена со монструозен ум наскоро би можела да биде пуштена на слобода.

66 годишната Џенин Џонс истовремено служи казни од 99 и 60 години затвор Гејтсвил за убиство на 15 месечно девојче во 1982 година и поради предизвикување болест на дете старо четири недели, кое преживеало.

Таа поминала скоро 40 години зад решетки, но постои можност да се најде на слобода во март, затоа што законите се насочени на смалување на пренаселеноста во американските затвори ја преполовиле нејзината 99 годишна казна и истовремено нивната 60 годишна казна.

Имено, Обвинителството се бори 67 годишната жена убиец на бебиња поради необјасниви злосторства да излезе од зад решетки. Но признаваат дека нема да биде лесно.

Американските власти и порано навеле дека веруваат дека таа убила дури 60 деца.

Во текот на нејзината работа во болниците и клиниките во Тексас, децата умирале поради компликации под неразјаснети околности.

Обвинителите веруваат дека Џонс убила дел или сите тие деца затоа што тие починувале во текот или набрзо после нејзината смена.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…