Home Актуелно Можат да трошат по 1 милион долари дневно следните 300 години и пак би имале многу пари

Можат да трошат по 1 милион долари дневно следните 300 години и пак би имале многу пари

Со нето вредност од 131 милијарди долари, трошок на милијардерот Бил Гејтс од 1,08 милиони долари дневно е споредлив со трошок од само 1 долар на просечен американски државјанин.

Всушност, Гејтс би можел да троши милион долари дневно во следните 300 години и сепак да има пари. Се разбира, тој не е сам во тоа. Основачот на Мајкрософт е четвртата најбогата личност во САД, зад основачот на Амазон, Џеф Безос, основачот на Тесла и Спејс Екс, Илон Маск и основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг, според листата на милијардери на Форбс. Федералните резерви посочуваат дека просечно американско домаќинство има нето вредност од 121.700 долари.

Поделете ја нето вредноста на Безос од 211,4 милијарди долари (врз основа на податоците на Форбс) со тој број – и лесно може да заклучите дека Безос може да потроши 1,7 милиони долари исто толку лесно како просечниот Американец кога троши 1 долар.

Додека 1 долар на просечен граѓанин е еквивалент на 1,3 милиони долари од богатството на Илон Маск.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …