Home Живот и здравје Втора донација од Хрватска: Во Македонија денес пристигнаа 20.000 вакцини од АстраЗенека

Втора донација од Хрватска: Во Македонија денес пристигнаа 20.000 вакцини од АстраЗенека

20 илјади вакцини „Астра Зенека“, донација од Хрватска, денеска пристигнаа во Македонија.

Како што информира Министерството за здравство, вакцините веќе од следната недела ќе бидат дистрибуирани по вакциналните пунктови низ земјата.

„Ова е втора донација на вакцини ‘Астра Зенека’, од страна на хрватската Влада. На почетокот од месец јули донација од 10 илјади вакцини, донесе министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман. Солидарноста и подадената пријателска рака во време на пандемијата е чин што целиот процес на борба против коронавирусот го прави поуспешен“, велат од Министерството за здравство.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

8 намирници што смее да ги јаде и вашата мачка

Ако имате мачка, сигурно знаете колку е тешко да ѝ одолеете кога гледа во вас додека јадет…