Мора да има чаре: За сите кои имаат проблеми со вечерното спиење – еве го лекот


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Благодарение на динамичниот и стресен начин на живот кој се води преку ден, а кој сè почесто зафаќа и период од вечерните часови, сè поголем е бројот на луѓето кои навечер, наместо да се одморат и отспијат како што треба, имаат проблем да врзат и 5-6 часа спиење, а камоли нормалните 8.

Ако сте од оние луѓе што имаат проблеми со спиењето навечер, научниците имаат добри вести за вас: можеби и не морате да го правите тоа така – тогаш и на тој начин да ги отспиете часовите кои му се поребни за одмор на вашето тело и вашиот мозок. Возможно е да испланирате распоред на спиење со кој ќе бидете одморени дури и ако секоја ноќ имате тричасовен период во кој не можете да спиете. Всушност, тоа е начинот на кој речиси сите спиеле во поголемиот дел од историјата.

Историчарот Роџер Екрич во 2001 година го изнесе на виделина трендот на сегментирано спиење. Неговите пронајдоци откриваат дека луѓето порано го делеле сонот во два одделни периоди, често наречени прв сон и втор сон. Меѓу овие периоди луѓето вршеле домашни работи, читале, се молеле или ги посетувале пријателите.

Екирч ги проучувал и модерните незападни култури, вклучувајќи ги и локалните заедници во Нигерија, Централна Америка и Бразил. Тој утврдил дека многу од нив исто така спиеле сегментирано. Исто така, тој покажал дека различни народи во периодот од ноќта кога биле будни вршеле разни ритуали и иако тие варирале, шемата била толку сеприсутна што поставила еволуциска основа која некако била нарушена на модерниот Запад.

Има неколку елементи за кои Екирч вели дека можеби ја предизвикале оваа радикална промена во распоредот на спиење, но најважната е електричната светлина. Пред вештачкото осветлување, луѓето оделе на спиење кога заоѓало сонцето бидејќи било премногу темно за да видат што се случува. Но, штом се појавила електричната светлина, сѐ повеќе активности можело да се прават во текот на ноќта, па времето за спиење сѐ повеќе се одложувало. Времето за будење, сепак, не се променило, што довело до намалување и евентуално исчезнување на периодот на будење меѓу првиот и вториот сон.

Модерните истражувања ја поддржуваат неговата теорија: експериментите од 1993 година од психијатарот Томас Вер покажале дека кога луѓето биле лишани од вештачка светлина во текот на подолг период, тие почнувале да се будат среде ноќ. Кога неговите учесници биле изложени на светлосен циклус со продолжен период на мрак – 14 часа – тие природно почнале шема на спиење од четири часа, седење будни еден до три часа, а потоа повторно спиење дополнителни четири часа.

Можеби дводелното спиење е подобро за вашиот мозок. Но, со електричната светлина и модерната технологија, како можете да ја примените таа информација на вашиот распоред за спиење? Сѐ зависи од тоа колку е флексибилен вашиот распоред. Ако работите од 9 до 17 часот, веројатно ќе треба да преспиете неколку часа кога ќе се вратите дома од работа, но ако работите ноќни смени, има друга опција.

Некои истражувачи веруваат дека сегментираните распореди може да се решение кое ги задоволува и биолошките потреби и работните обврски. Поделеното работно време би го поделило 24-часовниот период на помали делови на наизменично работење и одморање. Истражувањата покажуваат дека спиењето седум до осум часа расфрлани во текот на 24 часа е речиси исто како спиење осум часа одеднаш. Како и да е, ако секоја ноќ во два сте будни, можеби треба да размислите за сегментирано спиење.