Монако потврди: Реал понуди 180 милиони, но Мбапе го избра ПСЖ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Килијан Мбапе минатото лето го напушти Монако и се пресели во ПСЖ, а сега од „кнежевството“ потврдија дека можел да заврши на „Сантиаго Бернабеу“.

Оваа сезона Мбапе ја помина на „Паркот на принцовите“ како позајмен играч, но ПСЖ ова лето ќе мора да го откупи неговиот договор за 180 милиони евра.

Меѓутоа, минатото лето не бил ПСЖ единствен кој го сакал младиот Французин. Реал Мадрид исто така понудил 180 милиони евра, потврди потпретседателот на Монако, Вадим Васиљев.

„Екипата беше на тренинг кога се јавија од Реал Мадрид. Понудија 180 милиони евра за Мбапе и ние прифативме“, открива Васиљев.

„Ми приидов после тренингот и му кажав дека добивме понуда која не се одбива и тоа од клубот во кој тој сонува да игра. Не сакавме да го бркаме, оставивме на него да одлучи и тој го избра ПСЖ“, додаде потпретседателот на Монако.

Мбапе во својата прва сезона во ПСЖ одигра 46 натпрвари и постигна 21 гол притоа запишувајќи 16 асистенции.